Поплавено родното село на премиерот

Локалниот пат од Струмица кон Бања Банско, кој поминува низ центарот на селото Муртино, по обилните врнежи остана под вода, пишува strumicanet.

Поради преполните одводни канали водата се излеа во дворовите, а жителите на Муртино со пумпи ја испумпуваа. Големи штети и на пластениците од силното невреме во атарот на Муртино.

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски е на терен во струмичкиот крај, каде што врши увид во штетите настаните по вчерашното невреме.

извор/фото: strumicanet.com

ПРОЧИТАЈТЕ ЈА И ОВАА СТОРИЈА

ЕКСКЛУЗИВНО еМагазин во Муртино: Како изгледа куќата во која пораснал премиерот Заев

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.