Акцијата во Тајланд за извлекување на момчињата од пештерата напредува добро: До сега извлечени четири момчиња

Четири момчиња се извлечени од пештерата во Тајланд, објави елитната тајландска единица „Фоки.

Момчињата кои 15 дена останаа заробени во пештерата се пренесени во болница. Останува да се извлечат уште осум момчиња и нивниот тренер.

Тајландската Влада го објави планот за спасување на заробените деца во пештерата. Според него, двајца нуркачи ќе придружуваат по едно момче, а низ пештерата ќе ги влечат со јаже. Кога ќе наидат на тесен премин, нуркачите ќе ги отстрануваат боците со кислород од грбот и ќе ги истркалаат низ премините.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.