(Фото) Македонскиот топ модел Елена Реи снимаше кампања за светски познатиот бренд „Черути 1881“

Иако веќе четири месеци нашиот топ модел Елена Реи ги поминува работно во Њујорк, дури сега излегуваат кампањите и колекциите за кои работела пред извесно време, информираат за „еМагазин“ од нејзината матична агенција „Моделс ИН“.

Во кој било голем град во Европа да влезете во екслузвните продавници на престижниот бренд Nino Cerutti 1881 ќе ја препознате нашата Елена која едноставно плени со својата убавина.

Од агенцијата информираат дека иако Елена работела пред скоро седум месеци во Париз за овој голем бренд, дури сега официјалната кампања е во тек.

„Само да подсетиме Нино Черути го започнува својот занает во 1967 година со отворање на својата прва продавница, но бизнисот го наследува од неговиот дедо кој го започнал во Биела - Италија  токму таа 1881 година. И покрај сите добиени награди на кои секако му честитаме на овој италијански дизајнер за нас соработката со нашата Елена ни е секако најдрагата награда“, вели Алек Наумовски од нејзината матична агенција Моделс ИН од Скопје.

Инаку Реи веќе активно работи седум години на светската модна сцена а како најголеми успеси по кои ќе остане запаметена се ексклузивно лице за Calvin Klein, фантастичниот едиторијал за Harper's  Bazaar големите кампањи за Burberry, Massimo Dutti, Galleries Lafayette, Sephora како и ревиите за Armani ,Karen Walker ,Ralph Laurent и многу други.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.