Писмо од роднини: Поминаа пет месеци од трагичната смрт на Калина и Александар, надлежните со никаков став за истрагата

Поминаа пет месеци од трагичната смрт на Калина и Александар на Кајмакчалан, а надлежните органи, не излегоа со став за утврдената одговорност, што во јавноста предизвикува сериозно сомнение, реагираат во писмо до јавноста роднини на македонските планинари Калина и Александар.

„Со  изјавата во стилот на „Господ ги зема“, излезе г-дин Угриновски. Јавно бранејќи ги и покривајќи  ги бројните пропусти и незаконитости на „Трансверзалец“ и водичот Москито, јуначки се избори за трет мандат на архаичната планинарска Федерација.

Во обидот за избегнување на одговорноста, задоцнето дојде понудата на Трансверзалците за организирање на постхумна планинарска акција, кои не помогнаа кога можеа, а ги оставија младите луѓе во планината. Зошто го кријат оној којшто ја  раширил веста дека мајка со дете биле заглавени во црквата на врвот?  Дали јавноста може да замисли дека никој од 68 – те патници од турата никому и никаде  не се јавиле за да алармираат за несреќата?

Зачудува затвореноста и  на обвинителството, кое  упорно се крие зад начелото на „тајноста на предистражната постапка“, кое начело не се однесува на оштетените. Од непознати причини,  досега обвинителството, спротивно на праксата на Европскиот суд за човекови права, не ги вклучува оштетените  во преземените дејствија , ниту  досега ги повикале на сослушување, ниту им овозможува да предлагаат докази. Прибавени ли се доказите од страна на грчките власти, или и тие ќе го сокријат задоцнетото реагирање на своите служби ?

Земени ли се на вештачење мобилните телефони од лицата коишто,  дента биле во постојан контакт со двајцата загинати и  кои ги доведувале во заблуда да останат каде што се, бидејќи доаѓаат да ги спасат?

Во меѓувреме, додека чекаме нешто да се расчисти, ќе се молиме  за спасување на животите на 12 – те момчиња и нивниот тренер во Тајланд.

И Калина и Александар некој ќе ги спасеше ако се дигнеше тревога, ако се алармираше,  ама очигледно, никој од таму присутните не го стори тоа“, се вели во писмото на роднините на загинатите планинари Калина и Александар.

ПРОЧИТАЈТЕ ГИ И ОВИЕ СТОРИИ

Угриновски на чело на Федерација дури е жив, повторно избран за претседател на ФПСМ спротивно на Статутот

Денеска се избира претседател на ФПСМ, Угриновски нема право на уште еден мандат

Нова Македонија: Не престанавме по потрагата за вистината за Калина и Александар, но не се созреани условите за објавување на фактите

Ќе имаат ли храброст планинарските друштва да го сменат „вечниот“ Угриновски

Раководството и телата на Федерацијата на планинарски спортови избрани нелегално во 2014 година

Писмо: Пријатели на Калина, зошто молчите? Угриновски, оставка!

„Вистиномер“: Угриновски нема право да крие сознанија за тема од широк јавен интерес

Јавно обвинителство ќе ги истражува околностите под кои загинаа планинарите на Кајмакчалан

Водичот на „Трансверзалец“ Москито суспендиран само од морални причини

Федерацијата на планинарски спортови објави детален извештај за тоа што случувало на Кајмакчалан

Последен планинарски поздрав за Калина и Александар

„Трансверзалец“: Доставени информации до институциите за случајот со двајцата загинати планинари

Фамилиите на загинатите планинари испратија писмо до Планинарскиот сојуз на Македонија

Федерацијата на планински спортови ќе ја истражува смртта на планинарите

Организаторите на турата на Кајмакчалан во која животот го загубија двајца планинари бараат молчење до извештајот

За врвот Кајмакчалан, каде што Калина и Александар трагично ги загубија животите

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.