МВР: Насилникот е насилник без разлика на неговата етничка припадност, напаѓачите се во притвор

Насилникот е насилник, без разлика на неговата етничка припадност, во државата постојат закони, функционира правната државата и одговорните за нападот врз Н.С. (21), кој изутрината почина во комплекс клиниките „Мајка Тереза“ ќе одговараат пред законот, изјави денеска портпаролот на МВР, Тони Ангеловски.

Нагласи дека МВР експресно го расчистило случајот и сторителите се приведени и одредена им е мерка притвор. Тој додаде дека целокупниот материјал и сите докази се доставени до надлежното јавно обвинителство, ОЈО-Скопје.

Ангеловски посочи дека МВР не е надлежно да одговара дали постои можност случајот да се преквалификува од „насилство“ во „убиство“ и оти за тоа е надлежно обвинителството.

На 29 јуни на автобуска постојка на булеварот „Александар Македонски“ три лица на возраст од 19, 20 и 21 година го нападнале Н.С., по што тој е пренесен во Ургентниот центар во Скопје.

На 2 јули, Секторот за внатрешни работи Скопје поднесе кривична пријава против Б.Б.(20), С.Д.(21) и Ј.Љ.(19), сите од Скопје за сторено кривично дело „насилство“. По преземени мерки, од страна на полициски службеници, прво и второпријавениот се лишени од слобода.

Ангеловски појасни дека по третопријавениот се трага.

ПРОЧИТАЈТЕ ЈА И ОВАА СТОРИЈА

Почина момчето кое пред 10 дена беше нападнато во Автокоманда

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.