Починал во возот на релација Скопје-Велес

Околу 12 часот вчера било пријавено дека во патничкиот воз кој сообраќал на релација Скопје-Велес, на патникот Н.С. (34) од село Фурка-дојранско, му се слошило. Toj бил пренесен во Општата болница во Велес, но околу 13 часот починал, информира МВР.

„При извршениот преглед на патната торба на Н.С. биле пронајдени две паковки со бела прашкаста материја, кои се дадени за вештачење. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот ќе биде предадено за обдукција“, соопшти МВР.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

За Авторот

Никола Осило

Професионален новинар со повеќегодишно искуство. Новинарството постои за јавноста да се информира, а не за да се контаминира. Факти пред ставови!