(ВИДЕО) Извлечени уште четири момчиња од пештерата во Тајланд

649 Views Јули 9, 2018 Свет Никола Осило

Спасувачките екипи денеска извлекоа уште четири момчиња од поплавената пештера во Тајланд, со што вкупниот број на спасени сега е осум.

Дванаесет момчиња на возраст од 11 до 16 години, заедно со нивниот тренер на 23 јуни ја истражуваа пештерата, но беа заглавени од обилни дождови. Четири момчиња претходно беа спасени на 8 јули.

Фото/Видео: SBS news

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

За Авторот

Никола Осило

Професионален новинар со повеќегодишно искуство. Новинарството постои за јавноста да се информира, а не за да се контаминира. Факти пред ставови!