Растат животните трошоци: Поскапеле горивата, овошјето, сирењето, водата....

Tрошоците на животот во јуни 2018 година, во споредба со јуни 2017 година, забележа пораст од 1.4 %, a цените на мало забележаa пораст за 2.8 %.

Пораст на трошоците на животот во јуни 2018 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај свежото и разладеното овошје за 4.8 %, замрзнатото овошје и сувото овошје и јаткастите производи за 0.4 %, јогуртот, замрзнатиот зеленчук освен компирот и другите коренести плодови за 0.3 %, сирењето и урдата, конзервираното овошје, шеќерот, џемот, медот и кондиторските производи и другите прехранбени производи за 0.2 %.

Во јуни 2018 година, исто така, пораст на трошоците на животот е забележан и кај течните горива за домаќинствата за 4.8 %, услугите за сместување за 3.7 %, течните горива и мазива како дел од опремата за сопствени сообраќајни средства, услугите за култура за 3.5 %, туристичките пакет-аранжмани за 2.8 %, гасот за домаќинствата за 2.6 %, парамедицинските услуги за 2.2 %, стоматолошките услуги за 1.8 %, игрите, играчките и хобијата за 1.6 %, средствата за чистење и одржување на станот за 1.1 %, снабдувањето со вода и другите услуги во врска со станот за 0.6 % и обувките за 0.4 %.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

За Авторот

Никола Осило

Професионален новинар со повеќегодишно искуство. Новинарството постои за јавноста да се информира, а не за да се контаминира. Факти пред ставови!