Спасено уште едно дете од поплавената пештера во Тајланд

173 Views Јули 10, 2018 Свет Никола Осило

Уште едно момче денеска е извадено од пештерскиот комплекс во северен Тајланд, на третиот ден од спасувачката операција.

Момчето моментално е во медицинска установа на лице место, соопшти официјален претставник на тајландската морнарица, кој директно е запознаен со деталите на операцијата.

Досега се спасени девет од 12 момчиња. Во пештерата се уште три момчиња и нивниот тренер.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

За Авторот

Никола Осило

Професионален новинар со повеќегодишно искуство. Новинарството постои за јавноста да се информира, а не за да се контаминира. Факти пред ставови!