Кој е Исмаил Јахоски, чија фирма „Пуцко Петрол“ за неколку дена доби дури четири државни тендери

Општината Пласница е една од трите најмали општини во Македонија и многу ретко е присутна во медиумите. Најчесто се спомнува кога се пишува за фирмата „Пуцко петрол“, сопственост на градоначалникот Исмаил Јахоски, кој моментално го одработува петиот мандат на оваа функција.

Пред неколку дена неговата фирма го доби и тендерот МЖ Транспорт, вреден 2,9 милиони денари, а претходно само за една недела доби три тендери за снабдување со гориво и лесно масло, тие на ЈСП, Службата за општи и заеднички работи при Владата и Министерството за правда, вредни 15 милиони евра.

Кој е Јахоски?

Според неговата официјална биографија, Исмаил Јахоски е роден во март 1963 година, во Пласница.

Основно училиште завршил во Пласница, а потоа завршил средно економско училиште.

Работел во земјоделска задруга, а од 1988 година во приватна фирма.

Во 1993 година ја основал фирмата „Пуцко Петрол“, која располага со повеќе бензински пумпи и се занимава со промет на нафтени деривати, градежни материјали и други дејности.

Во неа има повеќе од 100 вработени.

Женет е и има четири деца.

За прв пат е избран за градоначалник на Општина Пласница на локалните избори во 1996 година, реизбран е во 2000 година, па во 2009 година, по четврти пат станува градоначалник во 2013 година, а петиот мандат го доби на последните локални избори и важи за еден од градочалниците со најдолг стаж во Македонија.

Каков имот пријавил?



Според неговиот анкетен лист доставен до Државната комисија за спречување корупција, тој на свое име име пријавил деловен простор во село Ижиште, од 55 метри квадратни, за кој не дал податок за вредност, зграда во село Челопеци од 329 метри квадратни, која е проценета на 891 илјади денари, станови и куќи во Скопје и Ижиште...

Пријавил и неколку сметки, а и побарување по основ на заем.

Целиот негов анкетен лист, ОВДЕ.

Фото: Општина Пласница

ПРОЧИТАЈТЕ ГИ И ОВИЕ СТОРИИ

„Пуцко петрол“ го доби тендерот на М.Ж. Транспорт за набавка на гориво

„Пуцко петрол“ доби тендери тешки над 15.000.000 евра за само една недела 

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.