Времето ја гази Владата: Референдум за името во септември еднакво на научна фантастика

1540 Views Јули 11, 2018 Мој став Никола Осило

Со оглед на тоа што формирањето на Државната изборна комисија се уште не е почнато, а земајќи предвид дека тоа е еден од основните услови за отпочнување на процесот за распишување и спроведување на референдумот станува јасно дека многу тешко ќе се реализираат намерите на Владата референдумот да се одржи во септември.

Главна причина за тоа е опозицијата пред се ВМРО-ДПМНЕ која се чини дека на секој можен начин ќе го одолговлекува одржувањето на референдумот и ќе бара нешто за возврат и покрај тоа што оттаму вчера негираа дека најголемата опозициска партија го условува формирањето на ДИК со амнестија за настанатите во Собранието на 27 април минатата година.

Владата најверојатно ќе мора да потклекне на одредени барања на опозицијата доколку сака навремено одржување на референдумот.

Имено, референдум на државно ниво распишува Собранието на Република Македонија (во натамошниот текст: Собранието). Предлогот за распишување референдум на државно ниво со образложение се поднесува до претседателот на Собранието на Република Македонија. Собранието е должно во рок од 30 дена од поднесувањето на предлогот да донесе одлука за распишување на референдум.

Одлуката за распишување на референдум на државно ниво се објавува во “Службен весник на Република Македонија” и во други средства за јавно информирање. Од денот на објавувањето на одлуката за распишување на референдум на државно ниво во до денот на одржувањето не можат да поминат помалку од 60 ниту повеќе од 90 дена.

Ако се земе предвид дека веќе се наближува средината на јули, а за формирањето на ДИК, која е главен орган за спроведувањето на референдумот нема никаков епилог извесно е дека Владата ќе има сизифовски маки да ги реализира намерите за што побрзо одржување на референдумот, чиј евентуален успешен резултат е предуслов за отварање на евроатлантските порти за нашата земја.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

За Авторот

Никола Осило

Професионален новинар со повеќегодишно искуство. Новинарството постои за јавноста да се информира, а не за да се контаминира. Факти пред ставови!