Трифун Костовски, Стопанска банка Скопје и други доверители ќе го враќаат во живот „Ски-центар Кожуф“

2297 Views Јули 11, 2018 Бизнис Никола Осило

Централниот Регистар на Република Македонија постапувајќи по пријавата за упис на решение на Основен суд Велес над друштвото за угостителски и други услуги, производство и промет на големо и мало „Ски-центар Кожуф“ АД Кавадарци-во стечај донесе решение со кое се ажурира стечајната постапка.

„Се констатира дека Собранието на доверители на стечајниот должник „Ски-центар Кожуф“ во стечај за стечаен управник го потврди и именува лицето Богољуб Макревски од Скопје именуван од страна на стечајниот судија за стечаен управник и истиот останува да ги врши работите на стечаен управник.

Се констатира дека Собранието на доверители го усвои извештајот на стечајниот управник Богољуб Макревски од Скопје за економско-финансиската состојба на должникот и за причините за таквата состојба.

Се констарира дека Собранието на доверители донесе одлука со која се прифати предлогот да се зголеми бројот на членовите на одборот на доверители на стечајниот должник од три члена на пет члена на Одборот на доверители.

Се контатира дека Собранието на доверители донесе одлука со која за членови на Одборот на доверители се избрани доверителот друштво за услуги „Мигро ресортс“ ДООЕЛ Гевгелија и доверителот „Гофи груп оф финанце анд инвестмент С.А“ (GOFI GROUP of finance and investment S.A) од Швајцарија и со која потврди составот на Одборот на доверители во следниот состав: Стопанска банка АД Скопје, Република Македонија-Министерство за финансии-Управа за јавни приходи-РД Прилеп, акционерското друштво за осигурување и реосигурување Македонија Скопје Виена иншуренс груп, Мигро ресортс и Гофи груп.

Се констатира дека Собранието на доверители ја прифати иницијативата за подготовка на План за реорганизација доставена од доверителот „АМБ траде интернационал ЛТД“ од Прилеп.

Се задолжува доверителот „АМБ траде интернационал ЛТД“ од Прилеп да пристапи кон подготовка на планот за реорганизација и да го достави до Основниот суд Велес во рок од 45 дена, сметано од денот на одржување на првото извештајно Собрание на доверители“, пишува во обрзложението на решението.

Инаку, „Гофи гроуп“ е фонд во сопственост на еден од најреномираните македонски бизнисмени Трифун Костовски.

Фото: Ски-центар Кожуф

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

За Авторот

Никола Осило

Професионален новинар со повеќегодишно искуство. Новинарството постои за јавноста да се информира, а не за да се контаминира. Факти пред ставови!