Прегазил старица во Велес и избегал

На 10.07.2018 година во 15,10 во Велес на крстосницата од улицата „АСНОМ“ и улицата “Алексо Демниевски“ патничко моторно возило непозната марка управувано од непознато лице, удрило во пешакот Ц.Ќ.(77) од Велес, информира МВР.

На Ц.Ќ. и е укажана помош во Јавната здравствена установа во Велес, каде од страна на лекар и биле констатирани тешки телесни повреди. Се работи на целосно расчистување на случајот.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

За Авторот

Никола Осило

Професионален новинар со повеќегодишно искуство. Новинарството постои за јавноста да се информира, а не за да се контаминира. Факти пред ставови!