МВР: Случајот „Саздовски“ е расчистен на 29 јуни, обвинителството е надлежно за прекфалификување на делото

Министерството за внатрешни работи уште еднаш ја потсетува јавноста дека случајот од 29.06.2018 е расчистен и дека за тоа соодветно е информирана јавноста.

„Ги отфрламе сите злонамерни дезинформации на поединци и неодговорни политички партии кои ја злоупотребуваат смртта на момчето. Секторот за внатрешни работи Скопје поднесе кривична пријава против Б.Б.(20), С.Д.(21) и Ј.Љ.(19), сите од Скопје, кои на 29.06.2018 година околу 17,30 часот во Скопје на автобуска постојка на булевар „Александар Македонски“го нападнале Н.С., по што тој бил пренесен во Клинички центар “Мајка Тереза“ Скопје.

По преземени мерки, од страна на полициски службеници, прво и второпријавениот се лишени од слобода и одредена им е мерка притвор. Се преземаат мерки и активности за пронаоѓање и на третообвинетиот“, соопшти МВР на својт веб-сајт.

Оттаму додаваат дека целокупниот доказен материјал е предаден на надлежното јавно обвинителство и овој случај е во надлежност на ОЈО Скопје, чија надлежност е и преквалификацијата на делото.

„МВР работи по закон, пред кој сите се еднакви и никој не е, ниту ќе биде привилегиран. Ги штитиме граѓаните и стоиме на страната на правдата. Апелираме уште еднаш, политичките партии, медиумите и останатите општествени чинители да се однесуваат одговорно и да не поттикнуваат говор на омраза и да дадат простор на институциите да си ја завршат работата“, соопшти МВР.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

За Авторот

Никола Осило

Професионален новинар со повеќегодишно искуство. Новинарството постои за јавноста да се информира, а не за да се контаминира. Факти пред ставови!