„Битка“ за директорска фотелја во штипскиот Центар за социјални работи

Од Министерството за труд и социјална политика преку соопштение до медиумите потврдија дека актуелната в.д директорка на Центарот за социјални работи- Штип, Сузана Цветкова, која што денеска е разрешена од оваа позиција пред шест дена од Заводот за вработување го одјавила како вработен Станко Димитров, кој од утре согласно решението на Министерството за труд и социјални работи е директор на оваа институција.

- Станко Димитров е одјавен од Бирото за вработување на 06.07.2018 без решението да му биде доставено и при тоа не е испочитувано едно од основните права од работен однос, а тоа е жалбата која го одложува извршувањето до конечноста и правосилноста. Државниот инспекторат за труд веќе работи на расчистување на случајот, се вели во соопштението на Министерството.

Според Министерството за труд и социјална политика, новиот директор на Центарот за социјални работи го има положено стручниот испит за обновување на лиценцата за работа во социјална установа, која е со важност од 27 јуни 2018 до 27 јуни 2023 година и истата не е услов за извршување на директорската функција. 

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.