Прилепчанец извршил полов напад врз петгодишно девојче

Прилепчанецот С.Ч. (70) бил уапсен откако било пријавено дека извршил полов напад врз 5-годишно девојче, вчера во Прилеп, информира МВР. Случајот во полиција го пријавила мајката на девојчето.

Мајката во 16 часот се јавила во ПС Прилеп и пријавила дека дента околу 12.30 часот, додека нејзината ќерка си играла на улицата Никола Карев, до неа се доближил С.Ч.(70) и извршил полови дејствија.

Полицијата го привела С.Ч. во полициска станица и го расчистува случајот.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

За Авторот

Никола Осило

Професионален новинар со повеќегодишно искуство. Новинарството постои за јавноста да се информира, а не за да се контаминира. Факти пред ставови!