Несекојдневен случај: Од мотор со молотов коктел погодиле „Пасат“ на пат за вештачење во МВР

Две непознати лица фрлиле молотов коктел кон патничко возило кое во моментот се пренесувало на вештачење во МВР, информираа од полицијата.

Вчера во14,35 часот било пријавено е дека на булеварот „Александар Македонски“ додека со шлеп служба се превезувало патничко моторно возило „Пасат“ со словачки национални ознаки на вештачење кон Министерството за внатрешни работи, во еден момент, две непознати лица кои биле на мотор фрлиле молотов коктел кон возилото, по што го напуштиле местото на настанот.

Возилото е делумно оштетено. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

За Авторот

Никола Осило

Професионален новинар со повеќегодишно искуство. Новинарството постои за јавноста да се информира, а не за да се контаминира. Факти пред ставови!