Каков имот пријавил новиот заменик директор на МЕПСО: Билен Салију вози Фолсфаген Венто, нема стан

Поранешниот министер за правда, Билен Саљији стана член на Управниот одбор на државната компанија МЕПСО, а ќе ја врши и функцијата заменик на генералниот директор.

Тој беше министер за правда од јуни 2017 година до март годинава.

еМагазин Ви пренесува каков имот пријавил Саљији до Државната комисија за спречување корупција како директор на Државен инспекторат за шумарство и ловство, функција на која беше пред да стане министер.

Според неговиот анкетен лист, тој на свое име не поседува недвижен имот.


На име на родителите пријавил куќа во Добри Дол, Гостивар, добиена од наследство, но не ја навел нејзината вредност.

Како личен имот пријавил возило Фолсфаген Венто, вредно 200 илјади денари.

Салију пријавил и кредит од 600 илјади (го зел во 2009 година, со период на отплата од шест години) и од 245 илјади денари (го зел во 2006 година, нема податоци за колкав период на отплата и дали се раздолжил).

Фото: Влада

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.