Листа на должници на УЈП: Граѓани и фирми не платиле данок од 164 милиони евра

720 Views Јули 12, 2018 Бизнис Никола Осило

Управата за јавни приходи ја објави најновата листа на должници бр.07/2018 за долгови доспеани до 31.03.2018 и неплатени до 30.06.2018 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини.

На листата на должници бр.07/2018 објавени се 2.069 должници - правни лица (помалку за 4 од претходната листа) и 1.812 физички лица (помалку за 230 од претходната листа).

Вкупно објавениот нето долг во Листата бр.07/2018 изнесува 10.132.968.022 денари (околу 164 милиони евра), повеќе за 92.898.435 денари од претходната листа.

Нето-долгот за даноци и придонеси изнесува 9.997.929.978 денари (повеќе за 92.979.555 денари од претходната листа), додека долгот за царински давачки е 135.038.044 денари (помалку за 81.120 денари од претходната листа).

Целата листа должници ТУКА.

ПРОЧИТАЈТЕ ГИ И ОВИЕ СТОРИИ

Звучни имиња на бизнисмени и компании на најновата листа на должници на УЈП

Листа на должници на УЈП: Милиони данок не платиле МРТ, општина Карпош, Македонија пат...

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

За Авторот

Никола Осило

Професионален новинар со повеќегодишно искуство. Новинарството постои за јавноста да се информира, а не за да се контаминира. Факти пред ставови!