(ВИДЕО) еМагазин во Камакура: Поклонување пред една од најголемите статуи на Буда во Јапонија

Многумина од Вас сигурно слушнале за брзите возови во Јапонија или за тоа колку Јапонците се по редот, точноста или правилата. Бидејќи овие работи се воглавно познати, еМагазин од Токио преку серијал ќе се обиде да Ви пренесе и други интересни и невообичаени работи за кај нас.

ПРОЧИТАЈТЕ ГИ И ОВИЕ СТОРИИ

(Галерија) Ексклузивно: еМагазин во резиденцијата на актуелниот јапонски император Акихито

Големиот Буда

Во Јапонија навистина луѓето ти се поклонуваат. Во продавница, на патарина, на информации, ако случајно те удри некој во гужвите во метро...

Толку ми беше тоа симпатично и се чуствував убаво, па едвај и јас чекав на некого да му се поклонам.

За да им се поклонам на сите Јапонци за филмскиот престој во нивната прекрасна земја, се поклонив и пред статутата на Големиот Буда во Камукура (The Great Buddha of Kamakura/Kamakura Daibutsu/Amida Buddha), гратче на Тихиот океан, на еден час од Токио.



“За да има радост мора да има болка. Само откажување од задоволствата води во целосен мир“, е една од најголемите мисли на младиот принц Сидарта Гаутама Буда, роден во Индија, кој подоцна ќе стане препознатлив како еден од најголемите филозофи не само во Азија, туку и во целиот свет и чие учење е основата на религијата будизам.

Приказната и животот на Буда се фасцинантни, а мене омилен дел ми е дека тој пропагирал дека сите сме исти, и цареви и земјоделци, и тоа во време кога Јапонија било општество на касти, а тој самиот бил принц. 

Статуата на Буда во Камакура е втора по големина бронзена статуа на овој голем мудрец во Јапонија. Висока е 11,4 метри, а е направена во 1252 година. Тогаш била лоцирана во посебен храм, а од 1495 година е на отворено. 

Што можете да видете во Камакура

Камакура денеска е типично туристичко место. Порано бил еден од најзначајните политички центри во Јапонија, за што сведочат палатите на шогуните и самурите, бројните храмови...



Нормално има куп продавници за сувенири и ресторани, а една од работите што ми остави впечаток беше одличното решение на главната улица, на која на средината имаше шеталиште.

П.С. Јапонската храна мене ми годеше, а ако сакате сепак да пробате нешто балканско, имате можност да јадете и турски донер, ќебап, сладолед... И овде, како во Токио има турска храна, и секако од гостилниците ечи турска музика :)

ПРОДОЛЖУВА...

ПРОЧИТАЈТЕ ГИ И ОВИЕ СТОРИИ

(Видео) еМагазин во Токио: Како изгледа 9 милионскиот град од птичија перспектива

(ВИДЕО) еМагазин во Јапонија: Како Јапонците ја “продаваат“ приказната за светата планина Фуџи

(ВИДЕО) еМагазин во Јапонија: Лекција по туризам од езерото Kawaguchiko под Фуџи

(Фото) еМагазин во Токио: Зошто рисот не би бил наша верзија на Кити или Манеки Неко

(Фото) еМагазин во Токио: Денеска секој може да биде самурај

(Фото) еМагазин во Токио: Шилегов, ништо не правиш со оџаџарите, еве зошто Јапонците немат проблем со загадување

(Фото) еМагазин во Токио: Таксист може да се биде и на над 80 години

(Фото) еМагазин во Токио: Бутици за кучиња и мачки

(Фото) еМагазин во Токио: Идеално место да ги оставите цигарите

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

За Авторот

Петре Димитров

Професионален дипломиран новинар со долгогодишно искуство. Најмногу сака да патува и да прави возбудливи репортажи, но за да јавноста биде објективно информирана следи и бизнис и политика.