Ројтерс: Протераните руски димпломати од Грција поврзани со протестите против договорот за името

286 Views Јули 12, 2018 Балкан Никола Осило

Според новинската агенција Ројтерс руските дипломати кои Грција ги протера поради мешање во внатрешните работи на Грција, како и обид да го поткопаат договорот за името со Македонија биле вмешани и во „многу незаконски активности“ поврзани со протестите во Грција против договорот.

Грција ја информирала Русија во петокот, давајќи неколку дена дипломатите да ја напуштат земјата. Дипломатите се товарат и за обиди да се извлечат и да се протуркаат информации, како и да се поткупат грчки официјални лица и црковни великодостојници.

Фото: Ројтерс

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

За Авторот

Никола Осило

Професионален новинар со повеќегодишно искуство. Новинарството постои за јавноста да се информира, а не за да се контаминира. Факти пред ставови!