МВР соопшти детали за страотната сообраќајка кај Соборен храм

На 11.07.2018 година во 19,55 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено дека на крстосницата од булеварот „Партизански одреди“ и булеварот „Св. Климент Охридски“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „БМВ“ со скопски регистерски таблици управувано од Б.Т.(29) од Скопје и патничко моторно возило „Мерцедес“ со скопски регистерски таблици управувано од К.И. (65) од Скопје, при што настрадал и пешакот Д.Б. (65), кој се здобил со тешки телесни повреди, информира МВР.

Д.Б.(65) од с. Волково- скопско бил пренесен и задржан во Комплексот клиники “Мајка Тереза“. Со телесни повреди се здобиле Б.Т. и двајца сопатници од двете возила Д.В.(40) и В.И.(56). Извршен бил увид на местото на настанот во присуство на Јавен обвинител. Се работи на целосно расчистување на случајот.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

За Авторот

Никола Осило

Професионален новинар со повеќегодишно искуство. Новинарството постои за јавноста да се информира, а не за да се контаминира. Факти пред ставови!