Цел арсенал оружје откриен во стан во тетовско

На 11.07.2018 година во с.Брвеница–тетовско со наредба од Судија на претходна постапка од Основниот суд Тетово, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Тетово извршиле претрес во стан и други простории кај Ѓ.С. (52), при што биле пронајдени: еден пиштол марка „Зброевка“ со калибар 7,65мм и еден сандак од муниција во кој имало пет мини и две рачни бомби, информира МВР.

Известен е јавен обвинител. По завршување на претресот Ѓ.С. е лишен од слобода.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

За Авторот

Никола Осило

Професионален новинар со повеќегодишно искуство. Новинарството постои за јавноста да се информира, а не за да се контаминира. Факти пред ставови!