Осомничените за нападот на младиот Саздо, велат дека случајно налетале на него

Младиот Никола Саздовски Саздо бил претепан поради претхони препукувања на Фејсбук на етнчка линија, пишува „Независен весник“ 

Како што пишува Независен на нападот му претходела „интернет војна“ која траела неколку недели меѓу Саздо и напаѓачите.

Весникот пишува дека осомничените Скендер Д. (19) и Бесир Б. (20) кобниот ден се возеле со автомобилот „мерцедес“ и случајно на автобуска станица во населбата Автокоманда го здогледале младото момче. Запреле, излегле од возилото, го прашале момчето: „Ти си Саздо?“ Добиле потврден одговор, по што дошло до инцидентот.

Саздо бил со неговата девојка која го посведочила настанот. Таа во вторникот како сведок дала исказ во обвинителството.

Распитот на Скендер Д. и Бесир Б. вчера во обвинителство траеше со часови. Осомничените се бранеле со молчење, сакале прво да ги видат доказите, па да се произнесат, пишува Независен.

Извор: Независен/фото: Фејсбук

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.