Полицијата пронајде оружје на нива во Порој

Полицијата во нива во Тетовско Порој ноќеска пронајде минофлач калибар 60 милиметри со 18 гранати и рачен фрлач РПГ-7 со 5 ракети кои биле ставени во шест вреќи.

Од Министерството за внатрешни работи соопштија дека оружјето е пронајдено од страна на полициските службеници половина час по полноќ кога извршиле проверка на нива засадена со пченка во атарот на село Порој. 

Извршен е комплетен увид со учество и на јавен обвинител, оружјето е подигнато за натамошна постапка од припадници на Единицата за антитероризам на Министерството за внатрешни работи на Република Македонија.

Станува збор за старо и неупотребливо оружје кое ќе биде уништено во соодветна постапка. Се работи на целосно расчистување на случајот.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.