Колкав профит остварија Владата и „Макпетрол“ од гасоводот?

197 Views Јули 13, 2018 Бизнис Никола Осило

Акционерското друштво ГА-МА АД, кое стопанисува со макдонскиот гасовод во минатата година оствари добивка од 139,8 милиони денари, што е зголемување во однос на претходната година кога добивката изнесувала 110,1 милиони денари, покажува извештајот за работењето на компанијата објавен преку Македонската берза.

Владата и „Макптерол“ АД Скопје учествуваат во подеднаков сооднос (50%:50%) во акцинерскиот капитал на ГА-МА АД Скопје.

Основната дејност на друштвото е цевоводен транспорт. Просечен број на вработени во друштвото со состојба на 31 декември 2017 година изнесува 53 лица (2016: 48 лица).

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

За Авторот

Никола Осило

Професионален новинар со повеќегодишно искуство. Новинарството постои за јавноста да се информира, а не за да се контаминира. Факти пред ставови!