Социјалните мрежи „зовреа“: Воена парада наместо музичкa прослава за поканата од НАТО

4847 Views Јули 13, 2018 Мој став Никола Осило

Голем број македонски граѓани вчера на социјалните мрежи реагираа на одлуката на Владата со музички хепенинг низ повеќе градови во државата да се прослави поканата за членство во НАТО.

Од една страна се оние кои поддржуваат ваква прослава и се согласуваат со премиерот Зоран Заев и Владата дека станува збор за исторски момент за Македонија вреден за ваква прослава.

Од друга страна се противниците на ваквиот начин на славење чиј главен аргумент е дека Македонија се уште нема што да слави, бидејќи ниту е членка на НАТО, ниту на Европската Унија.

Дел од граѓаните „удрија“ и по музичарите кои ќе настапуваат на прославата, меѓу кои има и пацифисти и артисти од андерграунд сцената. Имено, тие го доведуваат во прашање нивниот кредибилитет и досегашните залагања, бидејќи сега за пари ќе настапуваат на хепенинг со кој се слави евентуалното пристапување на нашата земја на воен сојуз каков што е НАТО.

Коментарите одат дотаму, што некои од граѓаните сметаат дека многу посоодветно ќе беше поканата да се прослави со воена парада, бидејќи сепак станува збор за воен сојуз кој учесувува во многу „мали војни“ ширум светот.

Факт е дека музичарите се најмалку криви за овој начин на прослава и тие само гледаат да „цалнат“ некој денар, но неизбежно е прашањето што ако Владата не успее да ја одработи поканата за НАТО односно референдумот биде неуспешен и како ќе се оправда за трошењето на илјадници евра на прослава со која нема што да се слави.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

За Авторот

Никола Осило

Професионален новинар со повеќегодишно искуство. Новинарството постои за јавноста да се информира, а не за да се контаминира. Факти пред ставови!