„Порше лизинг“ го доби тендерот на Владата за изнајмување на 45 репрезентативни возила

1693 Views Јули 13, 2018 Бизнис Никола Осило

Службата за општи и заеднички работи на Владата на Република Македонија по распишаниот тендер за набавка на 45 репрезентативни патнички возила по пат на оперативен лизинг (изнајмување без опција за купување на стоките) склучи договор со друштвото за „Порше лизинг“ ДООЕЛ Скопје. Вредност на склучениот договор со вклучен ДДВ е 109.411.560 денари, а главен критериум за доделување на договорот беше најниска цена.

Според договорот, СОЗР на Владата ги изнајмува возилата (Фолксваген Пасат) на период од 36 месеци, период во кој е превидена километража од 120.000 километри. Интересно е што доколку се надмине оваа километража државата ќетреба да плажа 12,02 денари по изминат километар.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

За Авторот

Никола Осило

Професионален новинар со повеќегодишно искуство. Новинарството постои за јавноста да се информира, а не за да се контаминира. Факти пред ставови!