Нова колекција на Росица Мршиќ за секојдневен „аутфит“ на современата жена

Креаторката Росица Мршиќ ја дизајнираше првата колекција од нејзината нова модна линија- Essentials Collection. Таа вели дека повод за создавање нова линија е идејата да понуди модни парчиња на едноставни креации по достапни цени коишто можат да станат дел од секоја женска гардероба.
 
Колекцијата е составена од 13 секојдневни парчиња наменети за девојки и жени чиј избор е практична облека со модерен и впечатлив дизајн. Препознатливиот стил на дизајнерката е забележлив во секое парче од колекцијата и ќе ги освои современите жени со можноста да го надополнат секојдневниот изглед со лесна доза на екстраваганција.
 
Колекцијата е достапна за купување во студиото на дизајнерката, бутикот „Виа“, „Лотус Дизајн“ продавницата во Сити Мол и преку онлајн порталите на www.bastetnoir.com и Etsy.
При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

За Авторот

Силвана Жежовa

Долгогодишен и дипломиран новинар, кој за одредени состојби во општеството сака да пишува на начин како што Менталист разрешува мистерии.

Најчитани вести