Моделите на Ada Gatti се совршени за пролетно освежување на гардероберот и на психата

Неодамна во ГТЦ се отвори новиот продажен бутик на шпанскиот бренд Ada Gatti (до кино Милениум).Она што остава посебен впечаток на моделите е нивниот колорит и квалитетниот „тежок“ материјал од кој се направени. Едноставно зрачат со елеганција и убавина и ја пленат секоја жена која знае што сака од себе  и како треба да изгледа.

Шарените и еднобојни фустани, интересни кошули и здолништа се полн погодок за пролетно освежување на гардероберот, а богами и на психата.Она што е најважно е што парчињата се со пристапни цени, фустаните можете да ги купите за 2800 денари, а другите парчиња за 2.100 ден, 1.800  ден. во зависност од тоа што ќе изберете.

Ada Gatti  претставува најнова гранка од групацијата Fashion Import, која негува традиција од 20 години постоење.

Под филозофијата „Да ја облечеме урбаната и модерна жена“, брендот најмногу се обраќа на жени од 25 до 50 години, нудејќи модерни, колоритни и трендовски модни парчиња.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

За Авторот

Силвана Жежовa

Долгогодишен и дипломиран новинар, кој за одредени состојби во општеството сака да пишува на начин како што Менталист разрешува мистерии.

Најчитани вести