Тажно: Бегаат од смртта илјадници километри за да загинат во Велес

1531 Views Април 24, 2015 Мој став Никола Осило

Ја чува ли некој македонската граница или е навистина толку лесно да се помине од Грција кон Македонија пеш, со автомобил или со воз?

Мигрантите, претежно од Сирија и Авганистан кои од мака веќе подолг период во бранови преминуваат во Македонија на патот кон европските земји покажаа дека во земјава може да влезе кој сака, кога сака.

Иако надлежните во изминатиов период открија стотици мигранти натоварени по вагони како што нацистите ги товареле Евреите, се чини дека нашата граница е како слободна зона.

Никој не би требало да ги обвини овие души што бегаат од насилствата во сопствените држави. За жал, во потрага по подобар живот тие ноќе патуваат по пругата од Гевгелија кон Табановце бидејќи знаат дека така сигурно ќе стигнат на север.

Навистина е тажно што непознавајќи го теренот стануваат жртви на можеби најбавните возови во светот -македонските. Треба да се обвинат оние што гледаат лесна заработувачка на туѓа мака.

Меѓународен воз вчера повторно прегази мигранти што се движеле по пругата Велес-Скопје. Најмалку 14 лица беа прегазени. 

Пред неколку месеци во железничка несреќа на пругата Скопје – Гевгелија кај местото Јаворица во близина на селото Давидов, воз усмрти 25 годишен Авганистанец кој во рацете го држел своето бебе старо само 45 дена. Каква трагична судбина за родителот и неговото чедо.

Сепак, уште потрагично е што како никој во земјава да не брои ниту пак се потресе дека за период од две недели на оваа пруга загинаа пет лица. Или тоа не се луѓе, туку само мигранти?

ПРОЧИТАЈТЕ ЈА И ОВАА СТОРИЈА

Голема трагедија: На пругата Велес – Скопје загинаа 14 мигранти

 

 

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

За Авторот

Никола Осило

Професионален новинар со повеќегодишно искуство. Новинарството постои за јавноста да се информира, а не за да се контаминира. Факти пред ставови!