(Галерија) Нова колекција на Еми Норис: Накит инспириран од обувките и врвките

Еми Норис промовира нова колекција на фанки накит преку моден едиториал. Истата ќе биде изложена на саемот за современа уметност и дизајн Паратисима во Младинскиот  Култрен Центар на 12,13 и 14.  јуни 2015. Тоа ќе биде второ нејзино претставување на овој саем, а потоа накитот ќе биде изложен и во Концепт 37.

Фотосесијата е направена во соработка со Даниела  Ѓуровска и Александра Трпеска од модниот блог FashionLab DNA.

Колекцијата е наменета за бунтовните, урбани девојки и жени  кои не се плашат да бидат свои и да  ги поместуваат границите .

Инспирирана е од обувките и врвките, како симбол на постојано движење, патување, акција и желба за промени.

Преку оваа колекција дизајнерката го поставува прашањето: Кога аксесоарот (модниот додаток) престанува да биде додаток и ја превзема водечката улога во модниот израз?

Оттука и насловот на колекцијата Crossover  или Премостување, во смисол премостување на модниот додаток  во друга модна категорија и има за цел поместување на границите на накитот како моден додаток .

Се состои од  25 рачно изработени парчиња накит : огрлици, дупли огрлици,алки ,обетки и сетови.

Матерјалите од кои е изработена колекцијата се комбинирани, а доминираат врвките за чевли и тоа во најразлични бои и комбинации.

Авторката ја посветува оваа колекција на својот брат кој за жал не е повеќе меѓу нас.

Емилија Дамјановиќ е родена во Скопје. Нејзините движечки сили во животот се дизајнот , модата и музиката. Во 1997 година дипломира на факултетот за музичка уметност и работи како професор по музика. По дипломирањето завршува едногодишна обука по моден дизајн кај етаблираниот дизајнер Никола Ефтимов.

Подоцна започнува визуелно да ги истражува идентитетот и личноста на жената како моден субјект преку колажна уметност во големи формати. Четириесет колажи од овој проект беа изложени на самостојна и групни изложби во земјава и САД.

Во 2009 година го дизајнира етно костимот и накитот за настапите  на интернационално познатиот женски хор Св.Злата Мегленска каде што воедно и беше член.  Костимот  беше за прв пат покажан  на  концертот за мир во организација на УНЕСКО,во Венеција, Италија.

Од 2012та година работи современ дизајн на  накит од плексиглас под брендот Еми Норис.

Нејзините колекции беа изложени на Неделата на дизајн во Скопје, Софија, Миксер фестивалот за дизајн во Белград, Дизајн фестивалот Дан Д – Загреб, Модниот викенд Скопје и 2013та година ја заврши со учеството на Интернационалното биенале за накит во склоп на Неделата на дизајн во Пекинг ,Кина.

Во 2014 година оствари и втора самостојна изложба, на 17. април 2014та во дизајн кафулето Концепт 37.

Повеќе инфо на сајтот www.eminoris.mozello.com

 

 

  

 

 

 

jQuery Slider
При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови

Најчитани вести