Првата македонска апликација за повикување на такси CLAXI, помага при подобрување на такси сообраќајот

Првата македонска апликација за повикување на такси CLAXI како единствен медиум кој го поврзува такси светот, помага при подобрување на такси сообраќајот. Овој пат CLAXI со фонд од 40.000 денари ги стимулира возачите кои најпрво имаа најдобро оценета услуга од страна на патниците, како и беа активни корисници на овој современ начин на повикување такси. 
 
Овој начин им дава можност и на такси корисниците да бидат заштитени и да можат да дадат оцена и коментар за она што им се допаѓа или пак не им се допаѓа кога станува збор за такси превозот, додека пак таксистите, преку нивната секојдневна работа, да дојдат до дополнителен паричен мотив едноставно грижејќи се за своите патници и условите кои им ги нудат.
 
CLAXI продолжува со организирање на вакви промотивни активности. Новости не очекуваат претстојните Јуни-Јули. Право на учествување имат сите Клакси возачи, а наскоро и патници. Едноставна апликација која помага во подобрување на такси превозот притоа отворајќи безброј можности за усовршување и зголемување на добивката. Едноставно, колку подобри услови- како почисто возило и поквалитетна услуга, толку повеќе задоволни патници, повеќе редовни патници, повеќе работа и плус уште повеќе дополнителна мотивација за подобри резултати!
При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови

За Авторот

Силвана Жежовa

Долгогодишен и дипломиран новинар, кој за одредени состојби во општеството сака да пишува на начин како што Менталист разрешува мистерии.