Алкалоид АД Скопје објави дека седницата на годишното Собрание на акционери на Друштвото ќе се одржи на 1.04.2025 година со почеток во 08:00 часот во деловните простории на Друштвото, Бул. Александар Македонски бр. 12, Скопје.
„Управниот одбор на Алкалоид АД Скопје на седницата одржана на ден 27.02.2025 година донесе Предлог-oдлука со која му предлага на Собранието на акционери исплата на дивиденда за 2024 година во износ од 630 денари бруто односно 567 денари нето по акција, што во однос на исплатената дивиденда по акција за претходната година од 540 денари бруто односно 486 денари нето е поголема за 16,67%.
За исплатата на дивиденда и персонален данок на личен доход компанијата ќе издвои над 900 милиони денари.
Исплатата на дивидендата ќе започне од 14.05.2025 година. Дивидендата ќе биде исплатена во готово на трансакциски сметки на акционерите,“ велат од таму.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ