На 2. октомври со почеток во 21:00 часот на летната сцена „Славиша Кајевски”, при Македонскиот народен театар, концерт ќе одржи највлијатената музичка фигура на урбаниот културен живот во Македонија „Архангел”.
„Концертот насловен „Македонски подобро звучи – Едиција 4” е подржан од Министерството за култура и Македонскиот народен театар со што свечено ќе се затвори првото издание на летната сцена „Славиша Кајевски”.
Билетите се достапни како и секогаш во онлајн продажба преку веб-страницата на МНТ, www.mnt.mk, како и на билетарницата, која отвора секој работен ден од 12:00 часот,“ информираат од МНТ.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.