еМагазин
Image default
Техно

А1 Македонија објави стратегиска соработка со ФИНКИ

А1 Македонија, водечката компанија за телекомуникации го објавува почетокот на стратегиска соработка со Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство при Универзитет „Св. Кирил и Методиј” во Скопје, која ќе се одвива во учебната 2024/25, со најава за долгорочна соработка.

Соработката помеѓу А1 Македонија и ФИНКИ се одвива на повеќе нивоа како што се работа на развојно-истражувачки и апликативни проекти, консултативни активности и експертски услуги. Главниот фокус на компанијата ќе биде обезбедување на бенефити и поволности за студентите на ФИНКИ како пракса во А1 Македонија, работа на дипломски и постдипломски студии, стипендирање на студенти од завршните години и донации наменети за подобрување на условите за студирање на студентите.

„А1 Македонија како носител на дигитализацијата во општеството, ја има и одговорноста за едукација за дигитални вештини на сите нивоа во општеството. Овој наш фокус, на кој работиме долги години, преку различни иницијативи, сега го прошируваме со студентите од Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство.

Сметаме дека предводници во креирањето на иновативни решенија се токму студентите од ФИНКИ кои со знаењето кое денес го стекнуваат, веќе утре ќе бидат врвни експерти во креирањето на дигиталните иновации на иднината. Покрај теоретското знаење, студентите сега имаат на располагање компанија во која можат да го надоградат своето знаење со практична работа и тоа во работна средина која е дел од голема Групација и во која работат врвни експерти од техничките области, подготвени своето знаење да го пренесат на младите,“ изјави Методија Мирчев, Главен извршен директор на А1 Македонија

„Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство започна со имплементација на нова програма за партнерство, чија главна цел е преку заедничка соработка и вложување на Факултетот и компаниите да се обезбедат подобри услови и подобри можности за студентите.

Долгогодишната соработка на ФИНКИ со А1 Македонија сега ја продолжуваме на највисоко ниво, и истата ќе придонесе до наш заеднички раст, а воедно и големи придобивки за студентите. Би сакал да ги поздравам големиот број на компании кои се одзваа на нашиот повик на програмата за партнерство, и верувам дека следната година со гордост ќе бидеме сведоци на резултатите од истата,“ изјави деканот на ФИНКИ проф. д-р Боро Јакимовски.

Оваа соработка помеѓу А1 и ФИНКИ, ќе започне со донација на опрема наменета за уредување на студентските соби на факултетот, како и за уредување на новиот амфитеатар на ФИНКИ.

ПР-објава

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Започна третиот Камп за високотехнолошка извонредност во Охрид на Македонија2025

Редакција

SDC19: Samsung и IBM претставуваат 5G и AI-фокусирани мобилни решенија за IBM Cloud за компании

Редакција

Фејсбук со ново „emoji“: Поврзани и кога сме разделени

Редакција