еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Беким Незири и уште тројца добија куќен притвор за упадот во М-НАВ: Кривичен делумно ги прифати жалбите

Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје му одреди куќен притвор на функционерот на владејачката ДУИ, Беким Незири и на уште три лица за упадот во Македонска навигација (М-НАВ).

„Советот ценејќи ги приложените факти и докази во жалбата на обвинителот и одговорите на жалбата од страна на одбраната, а имајќи ги и предвид наводите во решенијата од претходна постапка, донесе одлука со која: Жалбите на јавниот обвинител делумно се прифаќаат и донесе решенија со кои на четирите лица им се опредлува мерка куќен притвор во траење од 30 дена, како и дополнителни мерки на претпазливост, односно привремено одземање на патна исправа и забрана за нејзино издавање и Забрана за приближување или воспоставување односно одржување контакти или врски меѓу осомничените и со оштетениот,“ велат од Кривичниот суд.

По решението сега треба да постапи, МВР, велат од Кривичниот суд, а странките имаат право на жалба по приемот на решението во рок од 24 часа пред Апелациониот суд.

„Заради доследно информирање на јавноста и сузбивање на сите шпекулации и недоразбирања, сметаме дека е потребно да нагласиме дека според сите досега доставени факти и податоци, конкретниот настан не се случил во контролната кула, односно просторијата од каде се врши навигацијата, туку во просторијата која е одвоена со најмалку две безбедносни влеза пред кулата.

Но, како што нагласивме во претходното соопштение, факт е дека осомничените презеле одредени дејствија кои е потребно дополнително да се истражат за да се утврди фактичката сосотојба.

Заради сето тоа, Советот донесе решенија за определување мерки со кои ќе обезбеди дополнителна гаранција за понатамошната достапност на овие четворица осомничени“, додаваат од Кривичен суд.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Беким Незири се појави во Кривичен суд

(Видео) Снимки од приведувањето на Беким Незири, кој не доби притвор за упадот во Контрола на летање

Беким Незири од ДУИ ги внел лицата кои нападнаа вработени во Контролата на летање, четворица од нив се недостапни за полицијата

Фото: Незири/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Премиерот Заев го пријавил случајот „Рекет“ на 22 април годинава

Редакција

Пресврт на судењето за „Таргет-Тврдина“: „Бомбите“ завршуваа во СДСМ и кај Заев, а не кај мене, вели Верушевски

Редакција

Го посвоила, па го “продавала“ 14-годишното девојче за сума од 50 до 200 евра: Ужасни детали од Обвинителството за приведените за сексуална експлоатација

Редакција