еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

„Битката„ за акции во Македонијатурист и обидот за купување на Стопанска банка Битола од страна на Комерцијална, бизнис настани кои ја одбележаа годината

Неуспешниот обид за купување на Стопанска банка АД Битола од страна на Комерцијална банка АД Скопје и буквалната битка за акции во Македонијатурист АД Скопје се дефинитивно бизнис настаните кои според еМагазин ја обележаа 2024 година.

Зошто пропадна обидот за купување на Стопанска банка Битола

Ретко кога во Македонија имало обид една банка да купи друга. Токму тоа се случи годинава кога Комерцијална сакаше да ги купи сите обични акции со право на глас на Стопанска банка Битола.

Но, обидот пропадна поради тоа што недоволен број акционери на Стопанска одлучија да ги продадат своите акции.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Што пишува во понудата на Комерцијална за преземање на Стопанска банка Битола

Комерцијална нудеше 3.200 денари по акција, а нејзината понуда беше прифатена од 149 акционери, кои поседуваат вкупно 176.154 акции, односно 45,0548% од сите акции од Стопанска банка Битола.

За да понудата биде успешна потребно беше да може да купи 261.956 акции, што претставува 67% плус 1 акција од вкупниот број на акции на Стопанска банка Битола.

Комерцијална претходно најави дека нема да даде нова понуда.

Понудата ја откри акционерската структура на Стопанска

Официјално досега на јавноста и беше познат само еден акционер кој има над 5% од акциите во Стопанска банка Битола, бидејќи друштвата имаат законска обврска да споделуваат информации само за акционерите над 5%.

Тоа е Пелистерка АД Скопје, која поседува 16,9% од акциите.

Со понудата стана познато кој има акции во Стопанска и под 5%:

Меѓу акционерите е Орка холдинг АД Скопје, како и Скопски Пазар АД Скопје и Бест веј инвестмент ДООЕЛ Скопје.

Кој беше за, а кој против понудата

За понудата на Комерцијална заедно се огласија од Пелистерка и поврзаното правно лице Тимох ДОО Скопје, во својство на квалификувани акционери, од каде рекоа дека за нив понудата е несоодветна.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

За Пелистерка понудата на Комерцијална за откуп на акциите на Стопанска банка Битола е несоодветна

За разлика од нив, Управниот одбор на Стопанска банка Битола во два наврати посочи дека за нив понудата е добра.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

УО на Стопанска банка Битола со позитивен став за преземањето од страна на Комерцијална, вработените пак барaат јасно дефинирање што ќе се случи со нивните работни места

Што се случи/случува во Македонијатурист

Како и обидот за купување на банка од страна на банка, исто така ретко во Македонија гледаме внатрешна битка за акции.

Тоа се случи во Македонијатурист, чија акционерска структура во текот на годината драматично се смени, а се менуваше речиси секоја недела последниве месеци.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Скопски пазар стана најголем акционер во Македонијатурист

Скопски пазар стана нов најголем акционер, а нови акционери или акционери над 5% во Друштвото станаа МГ фешн ДОО увоз-извоз Скопје, Промедика ДООЕЛ Скопје, Чезакомерц Симеон Роберто и Виктор ДОО Скопје, како и Изо Стоне ДООЕЛ Тетово, која влезе и излезе од Друштвото.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Промедика е новиот акционер над 5%: Нови промени во сопственичката структура на Македонијатурист

Акционер повеќе не е и Отворениот задолжителен пезиски фонд Сава пензиски фонд.

Акции повеќе не поседува и Соња Бибановска, долгодишен акционер, а драстично бројот на акции го намали исто така долгодишниот акционер и претседател на Надзорниот одбор на Македонијатурист, Доне Таневски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Дали Доне Таневски се збогува со вработените во Македонијатурист?

Соња Бибановска ги продаде акциите во Македонијатурист

“Битката“ продолжува и во следната година.

Хотелското друштво има вкупно десет објекти, од кои повеќето хотели. „Холидеј ин“, „Бест вестерн“, „Белви“ и „Карпош“, кои работат, и затворените – „Бристол“, „Јадран“, „Водно“ и „Сарај“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зошто акциите на Доне Танески и членовите на Управниот и Надзорниот одбор во Македонијатурист се најскапо продадени?

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Две девојчиња од струмичко се загубија во Скопје, пронајдени се во Кисела Вода

Редакција

Да бидеме ние нивните херои, потпишете ја петицијата за бенифициран стаж за сите здравствени работници

Редакција

Русија ќе се обиде да отвори нов фронт против Украина од Молдавија, објави „Тајмс“

Редакција