еМагазин
Image default
Да помогнеме ТОП СТОРИИ

Благојче има потешкотии во развојот, потребни се средства за дијагностицирање и третман

Благојче е дете на 10 годишна возраст од Мислешево, Струга и е малку поинаков од другите дечиња односно е детенце со потешкотии во развојот. Иако редовно посетува училиште и другарува со соучениците, Благојче се бори со анкциозност, хиперактивност и недоволна комуникација.

„Борбата на родителите почнува уште во првите години од животот на малиот Благојче и се’ до сега не успеале да дојдат до конечна и дефинитивна дијагноза која ќе го одреди текот на понатамошните терапии.

Сосема е јасно дека патот до конечната дијагноза и понатамошните терапии и рехабилитации е сериозно долг и скап, а родителите на Благојче се финансиски целосно немоќни.

Поради можностите за подобрување на неговата состојба, тие се решаваат да се обратат за помош од заедницата, сите нас! Да се обединиме за Благојче, кој колку може! И споделувањето и ширењето на приказната на Благојче е донација!

Средствата ќе се наменат за дијагностика и третман на состојбата на Благојче, меѓудругото и во приватна клиника во Белград. Адресирањето на состојбата на Благојче подразбира постојана нега, стручна работа и третмани. Да му олесниме и нему и на грижливите родители!

Донираме со картичка со притискање на копчето Поддржи ја кампањата на овој линк“, се вели во апелот на ecrowd.mk.

Донираме и на банкарска сметка на Фондација Икрауд (сите средства ќе бидат впишани на платформата ecrowd.mk):

Име: Фондација Икрауд

Сметка: 270078016610134

Банка: Халк Банка

Опис: Благојче

Шифра: 562.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Антикорупциска отвори два предмети против Мицкоски

Редакција

За колективен имунитет ќе треба да бидат вакцинирани меѓу 80 и 90% од населението, вели белгиски епидемиолог

Редакција

За викендот нестабилно време со дожд, грмежи и ветер

Редакција