еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Блаж Бродњак не е повеќе претседател на НО на НЛБ Банка

Од НЛБ Банка АД Скопје преку Македонската берза информираа дека на 10. октомври, Блаж Бродњак, поднел оставка од функцијата претседател на Надзорниот одбор (НО) на Банката.

До добивање на согласност од гувернерот на Народната Банка за именување на нов член на НО на Банката, Бродњак ќе продолжи да ја извршува функцијата претседател на НО на Банката, велат од таму.

Од Групацијата велат дека промената на Надзорниот одбор на НЛБ Банка Скопје се планира веќе извесно време, бидејќи досегашниот претседател на Надзорниот одбор на НЛБ Банка Скопје, Блаж Бродњак, на оваа функција беше повеќе од седум години и по последните активности за преземања, презема и други должности во рамките на членките на НЛБ Групацијата.

“Блаж Бродњак останува претседател на Надзорниот одбор на НЛБ Банка Скопје до назначувањето и добивањето на сите потребни одобренија на неговиот наследник/наследничка, што, со целосна доверба кон новото раководство на банката, ќе овозможи непречен и континуиран процес на нејзиното работење во иднина.

Во секој случај, Блаж Бродњак во улога на претседател на Управниот одбор на матичната банка НЛБ д.д. во рамките на својата линија на известување, има целосен ангажман во натамошните развојни активности на НЛБ Групацијата на стратешки исклучително важниот пазар на Република Северна Македонија,” додаваат од Групацијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Експозитура „Центар“ на НЛБ Банка трансформирана од традиционален во модерен банкарски објект

Колкав промет остварија акциите на Комерцијална, Алкалоид и НЛБ Банка во август

Тони Стојановски е новиот претседател на Управниот одбор на НЛБ Банка Скопје

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Никој нема да одговара за утката за промоција на Македонија со фотографија од Германија

Редакција

Детален преглед: Македонската берза стави 12 компании на „листа на набљудување“

Редакција

(Фото) Оваа се избеганите нарко-босови од Грчец и Гази Баба: МВР објави меѓународни потерници

Редакција