еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ ТОП СТОРИИ

Вечерва промоција на „Прирачникот за заштита од измами и интернет криминал“

Издавачкиот центар ТРИ со денешниот промотивен настан го најавува второто, дополнето издание на „Прирачникот за заштита од измами и интернет криминал“ од економистот и експерт во борбата против економски криминал, Роберт Атанасов.

Ова е прва книга од ваков вид на македонски јазик, чиј автор има долгогодишно искуство како инспектор во областа корупција и фалсификати, финансиски криминал и измами.

„По првото издание на Прирачникот во 2021 година, криминалците и измамниците еволуирале во својот занает и измислиле уште многу нови начини за вршење на измами и оштетување на граѓаните. Токму поради тоа, Атанасов го збогатува со нови корисни информации кои содржат современи и најчести форми на измами и компјутерски криминал“, велат од ТРИ.

Промоцијата „Модерни измами“ ќе се одржи на 13.11. (среда) во локалот Рагуза 360 ROOFTOP, со почеток од 18 часот.

Од ТРИ истакнуваат дека модерните времиња носат модерни измами: од најнаивни до најсофистицирани – наградни игри, онлајн нарачки, давање лични податоци и пари на рака без договор, до хакирање и „купување“ криптовалути…

Оттаму надополнуваат дека оваа книга претставува практична и корисна алатка за самозаштита, која изобилува со примери од најразличен вид измами – и класични и современи, со користење на сите достапни видови технологија.

„Денес ќе научиме како да не паднеме во истата стапица како многумина – како да си ја заштитиме платежната картичка од злоупотреби и кражби, кои се знаците дека вашиот телефон можеби е хакиран и уште многу други корисни совети што нема да нè направат плен на киберкриминалците“, се надоврзуваат од ТРИ.

Роберт Атанасов е роден во Неготино, каде што ги завршил основното и средното образование. Дипломирал на Економскиот факултет при УКИМ во Скопје. Од 1995 година работел во приватниот сектор, сè до 2007 година.  Тогаш се вработил во Министерството за внатрешни работи, во Секторот за економски криминал, каде што потесно се занимава со областа на корупцијата и фалсификатите, финансискиот криминал и измамите.

Секојдневното соочување со најразлични пријави од оштетени граѓани кои наседнале на лажните приказни на вештите измамници и претрпеле огромни материјални и финансиски штети, го поттикнало да напише книга што ќе служи како прирачник за превенција и едукација во областа на криминалот и ќе ја крене општата свест на луѓето за сопствената безбедност.

Влезот е отворен и добредојдени се сите свесни читатели кои сакаат да научат како нивниот ум може да биде нивен најдобар пријател и советник.

Промотивна објава

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Елизабета Ивановска е новиот в.д. директор на битолската болница

Редакција

Сите детали: Најголем дел од новозаболените со коронавирусот се на возраст од 40-49 и над 60 години

Редакција

За тоа што СЈО е пред свршен чин, главни виновници се СДСМ, ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ, а не Врховен суд

Редакција