Иако имаше сомнежи, но сепак вчерашниот бојкот на продавници, маркети и бензински пумпи во Хрватска, поради високите цени, кои периодов постојано растеа, е успешен.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Тоа го покажуваат и податоците на Хрватската даночна управа, која информираше дека бројот на издадени сметки во трговијата на мало вчера до 16 часот бил за 43% помал од минатиот петок, а вкупниот износ на сметките бил помал за 50%.
Бојкот ги испразни продавниците и маркетите за што сведочат бројните видеа на социјалните мрежи и информациите на хрватските медиуми.
Истиот го организираше Фејсбук-групата „Здраво, инспекторе“, зад која стои Европскиот центар за извонредност на потрошувачите, а доби подршка од здруженија на потрошувачи, синдикати, политички партии…
За успешноста на бојкот стигна изјава и од хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, кој на владина седница рече дека бојкотот на продавниците поради високите цени е „важна и артикулирана порака од граѓаните што ќе се земе предвид“.
Тој најави нова ажурирана листа на производи чии цени ќе бидат ограничени следната недела.
Фото: Унсплеш/видео: Ало инспекторе/Фејсбук