еМагазин
Image default
Забава ТОП СТОРИИ

(Видео) „Бура“ на Димитар Андоновски доби видео запис

Македонскиот пејач, композитор и продуцент Димитар Андоновски го претставува спотот за својата песна „Бура“, која за прв пат беше изведена на овогодинешниот Макфест.

Денес, песната ја доживува својата долгоочекувана видео премиера, која ќе биде објавена на неговиот официјален YouTube канал: Dimitarofficial.

„Бура“ е песна што го отсликува внатрешниот свет на емоции, борби и турбуленции, инспирирани од лични искуства. Комплетното авторство – музиката, текстот, аранжманот и продукцијата – е дело на самиот Димитар, кој со оваа песна уште еднаш ја докажува својата уметничка автентичност.

„Оваа песна е одраз на внатрешните битки кои сите ги доживуваме. „Бура“ ја доловува силата на емоциите и внатрешните турбуленции кои сите ги чувствуваме во одредени моменти,“ вели Димитар.

Спотот е реализиран со поддршка на продукциската куќа 77 Ентертејнмент, во режија на Владислав Гавриловски, со модерен визуелен пристап и впечатлива естетика. Моделот Матеја Христовска внесе суптилна емоционалност во приказната, додека стајлингот на Андреј Папаз ја истакна уникатноста на проектот.

Песната „Бура“ е достапна на сите дигитални платформи, овозможувајќи ѝ на публиката да ужива во ова музичко дело. Видео записот е уште еден значаен чекор во музичката кариера на Димитар Андоновски.

Промотивна објава

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

50 македонски државјани се уште се таму: Дипломатска екипа не МНР ќе патува за Украина

Редакција

Каков имот пријавил Зоран Димитровски, заменик министерот за локална самоуправа

Редакција

(Видео) „Руси одете дома“: Украинците протестираат во окупираните места

Редакција