еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

(Видео) И Израелка со далечно македонско потекло помеѓу новите ослободени заложници на Хамас

И Наама Леви (20), Израелка со далечно македонско потекло е дел од новата група на заложници кои вчера ги ослободи исламистичката група Хамас.

Таа заедно со другите три девојки кои беа исто така ослободени, беа киднапирани на 7. октомври 2023 година.

Израелската армија објави видео од нејзината средба со родителите, кои чекаа 477 дена за нејзиното ослободување.

Леви има врска со Македонија преку нејзината чукун баба, Грасиа Бивас, која е родена во Македонија во 1893 година, во семејство на Хаим и Сара Бивас. Таа како девојче, околу 1900 година заминала во Израел.

Во неколку наврати по нејзиното киднапирање, преставници на роднините на Леви и Еврејската заедница во Македонија, бараа помош од македонските власти за нејзино ослободување.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Стапи во сила примирјето во Газа: Хамас ослободи три Израелки, Израел 90 Палестинци

(Видео) По повеќе од 15 месеци војна Хамас и Израел се договорија за прекин на огнот

Фото/видео: Израелска армија/Хамас/Х

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Скокнал у Вардар по крстот, фатил стара машина за перење алишта“: Твитер реакции за Богојавление-Водици

Редакција

Културата ги урива политичките бариери: „Медена земја“ прогласен за најдобар документарец во Атина

Редакција

„Монтинг енергетика“ го доби тендерот на ЕСМ за специјализирана работна рака за ремонти во РЕК Битола вреден 825.000 евра

Редакција