Топ тема во светот е дозволата на американскиот претседател во заминување, Џо Бајден, Украина да го користи ракетниот систем Армиски тактички ракетен систем (АТАКМС) и на руска територија, што може да предизвика ескалација на војната во Украина, но и нејзино проширување.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Официјална Русија соопшти дека доколку тоа се случи, Москва тоа ќе го смета за напад од САД.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ако Украина ја нападне Русија со американски проектили, Москва тоа ќе го смета за напад од САД
Украина повеќе од една година го користи овој систем, но само на окупираните делови на земјата, а дострелот е до 80 километри.
Сега со дострел од 300 километри, ќе може да гаѓа цели длабоко во Русија.
Што е АТАКМС
Ракетниот систем АТАКМС е развиен за време на студената војна за уништување цели во тогашниот Советски сојуз.
Направени од „Локхид Мартин“, проектилите можат да погодат цели на оддалеченост до 300 километри.
Балистичките ракети летаат многу повисоко во атмосферата од повеќето ракети и можат да ја избегнат противвоздушната одбрана додека ја погодуваат земјата со огромна брзина.
АТАКМС се сметаат за проектили со долг дострел, иако немаат дострел на крстосувачка или интерконтинентална балистичка ракета.
Фото: Руско МО/видео: AiTelly