еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ ТОП СТОРИИ

(Видео) Параглајдеристот кој имаше несреќа во Крушево заминува дома

Параглајдеистот Клаус Ван Белен од Германија на возраст од 60 години што имаше несреќа во Крушево заминува за дома откако помина десетина дена во Клиниката Жан Митрев, информираат од таму.

Беше донесен со сериозни повреди по телото и `рбетот од падот од полетиштето кај крушевски Мечкин Камен.

„Бев дојден на 12 дена на параглајдинг одмор во Крушево со пријатели. Од нив дознав дека овде има прекрасни услови за параглајдинг, дека луѓето се многу пријателски расположени, а пејзажите се фантастични. Затоа си реков морам да дојдам да пробам.

Меѓу членовите на нашата заедница постојат одредени светски параглајдинг зони, дестинации кои се добро познати за вежби од овој тип и Крушево е една од нив. Ова е опасен спорт, но сум немал несреќа последните 30 години“, објаснува Белен.

Тој додава дека е позитивно изненаден и дека не очекувал толкав професионален однос во болница во Македонија.

„Со оглед на околностите се чувствувам одлично, морам да кажам дека сите во болницата работат фантастично. Од она што можев да видам имате многу модерна опрема, сите луѓе се супер обучени и многу пријателски настроени. Секако, кога ќе се вратам дома ме чекаат уште операции, но планирам да станам и повторно да бидам функционален во најскор можен рок“, изјави Белен.

Но, додаде дека и сака повторно да ја проба својата среќа во Крушево.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ковачевски: Следната недела ќе се знаат идните чекори во врска со здружението „Ванчо Михајлов“, името е провокација

Редакција

Девојката од Велес која вчера беше пријавена за исчезната пронајдена жива падната во провалија

Редакција

Фестивал на кратки филмови, ја избра Битола за домаќин на „Balkans Beyond Borders“

Редакција