Ресторанот „Ја, тате и бате“ од Неготоно подарува 300 порции со гравче и риба за Бадник за социјално загрозени семејства и семејства со деца со посебни потреби.
Сопственикот Дуле Ганчев, кој го води ресторанот со синовите Христијан и Блаже, дури нуди и сопствен или такси превоз за лицата кои нема да можат да дојдат сами да ја земат храната, вели тој во изјава за штипската телевизија Стар.
Семејството Ганчеви ваква хуманитарна акција организира трета година по ред.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Беровчанец пред празниците подарува месо и лекови на сите што не можат да си купат
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.