еМагазин
Image default
Забава ТОП СТОРИИ

(Видео) Скопје подготвено за вистински спектакл: Време е за Светското првенство во хип хоп и стрит денс шоу 2024

Долгоочекуваниот и најголем настан за оваа година, IDO World Hip-Hop & Street Dance Show 2024, за само две недели ќе биде центар на вниманието за сите љубители на танцот и хип хоп културата. Скопје за првпат ќе биде домаќин на пет илјади танчери, кои доаѓаат од триесет и пет држави, кои се вклучуваат од пет различни континенти.

Во организација на клубот „Брејк а Лег“, од 9 до 17 октомври, во Спортскиот Центар „Борис Трајковски„ ќе имаме можност да ги следиме најавените натпреварувања во дисциплините „хип хоп“ и „стрит денс шоу“ во повеќе возрасни категории.

Очекуваниот број на публика од петнаесет илјади присутни, говори дека Скопје во текот на тие десет дена ќе биде навистина раздвижено, полно со туристи, кои се дел од натпреварувањата, или сакаат да ги следат истите – што претставува одлична можност за претставување на македонското гостопримство. Она што е интересно е дека, покрај натпреварувањата, како дел од овој спектакл, се најавува и концертот на Пајак, за кој влезот ќе биде бесплатен.

Официјалното отворање на самиот настан ќе се случува на дванаесетти октомври, каде нѐ очекува вистински спектакл, бидејќи организаторите подготвуваат низа изненадувања.

„Чест ни е што Македонија за првпат ја има оваа прекрасна прилика да покаже колку ги поддржува спортот и танцот, како и дека има капацитети за организација на еден ваков светски настан.

Верувам дека не само љубителите на хип-хоп културата, туку и сите оние, кои сакаат да покажат дека може да бидеме вистински сплотени како добри домаќини на една ваква шаренолика манифестација, ќе нѐ посетат и ќе се вклучат во овој настан, кој сметам дека е еден од најголемите случувања во нашата држава.

Дадовме сѐ од себе за да се претставиме во едно поинакво светло, како пред Светската танцова организација, така и пред сите земји учеснички, кои ќе направат срцето на Скопје да чука во овој хип хоп ритам. Упатувам голема благодарност до сите оние, кои нѐ поддржуваат, сите наши соработници, сите луѓе вклучени во оваа огромна организација, како и до Министерството за Култура“, изјави Трајче Петковски, организатор на настанот и основач на „Брејк а Лег“.

Промотивна објава

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Владиниот Генерален секретаријат ќе потроши 30.000 евра на набавка на камери за препознавање регистерски таблички на возила

Редакција

Молиме Бога да не се стемни и да дувне ветер: Воздухот во Карпош и вечерва смрди и пече

Редакција

Предупредување од руската Амбасада во Скопје: Внимателно се евидентираат сите случаи на русофобија

Редакција