еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

(Видео) Солун конечно добива метро

Следниот викенд на 30. ноември во Солун, Грција, ќе биде пуштена воведната линија од 9,6 километри од метрото, кое почна да се гради во 2003 година, пренесуваат грчките медиуми.

Го градеше конзорциум од грчката компанија Актор, италијанската Уибилд и јапонската Хитачи рејл.

Изградбата доцнеше од бирократски причини, но и поради тоа што при пробивањето на тунелите беа пронајдени над 300.000 археолошки наоди. Градежниците открија и сообраќајница од римската ера, антички грчки гробни места, системи за вода и за одводнување, мозаици…

Тунелите на метрото требаше да бидат пробиени на поголема длабочина од првично планираното, за да може се зачуваат античките откритија, а тоа ги зголеми трошоците и дополнително придонесе проектот да доцни.

Клучните пронајдени артефакти се изложени долж подземната мрежа од 13 станици.

Цената на метрото досега достигна 3 милијарди евра за завршената прва линија и за поголемиот дел од втората линија, која е во изградба, и треба да биде завршена за една година.

Возовите нема да користат возачи.

Фото/видео: ANA-MPAwebTV

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Демолиран ресторан на Мекдоналдс во Истанбул, откако компанијата реши да им дели бесплатни оброци на израелските војници

Редакција

Македонија повторно остана без патнички и товарен железнички сообраќај

Редакција

Две лица приведени за убиството на докторот Ацо Трпковски, мотивот не е поврзан со неговата професија

Редакција