Македонскиот премиер Христијан Мицкоски вчера во Брисел, Белгија, имал средби со новата комесарка за проширување на Европската Унија (ЕУ), Словенката Марта Кос и со новиот претседател на Европскиот совет, Антонио Коста.
Како што информираше тој и двете средби поминале во исклучително пријателска, срдечна и конструктивна атмосфера.
Им посочил дека македонската Влада останува фокусирана на реформите и дека е подготвена да разговара за се што е принципиелно за државата и граѓаните, но дека ултиматуми не прифаќа.
– Ги реафирмиравме нашите ставови дека ултиматуми не прифаќаме, дека сме подготвени да разговараме и подготвени сме да разговараме онолку колку што е потребно за да најдеме начин како да го отвориме првиот кластер, брзо да го поминеме тој процес на преговори и да станеме земја членка во Европската Унија, изјави меѓудругото Мицкоски по средбите.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Уставните измени мора да се спроведат, повтори еврокомесарката за проширување Кос
Нема да има ни милиметар поместување од црвените линии за уставните измени, повтори Мицкоски
Фото/видео: Влада